подземе
Значење на подземе:
1. Прифати нешто подадено, понудено; земе Ги подзеде подадените торби.
2. Прифати, се надоврзе на разговор. Па да речеме дека е така ‒ подзеде тој.
3. Прифати песна, започне да пее со другите што пеат. Сите ја подзедоа песната што ја почна девојката.
Коњугација: (ќе) подземеа , (ќе) подземев , (ќе) подземел , подзедоа , подзедов , подзел , подземат , подземен, подземете , подземи .
Изведени зборови:
- подзема, глаг. несв. подземаат
- подземање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
подземе, подземат; подземи, подземете; подзедов, подзедоа; подзел; (ќе) подземев, (ќе) подземеа; (ќе) подземел; подземен св. 1. Прифати нешто подадено, понудено; сп. земе 1. Ги подзеде подадените торби. 2. Прифати, се надоврзе на разговор. Па да речеме дека е така ‒ подзеде тој. 3. Прифати песна, започне да пее со другите што пеат. Сите ја подзедоа песната што ја почна девојката. ‖ подзема, подземаат несв. ‖ глаг. им. подземање ср.