поджолтне

Глагол, свршен

Значење на поджолтне:

1. За растение ‒ добие жолтеникава боја, стане жолтеникав. Лисјата на пиперот поджолтнале.

2. За човек ‒ стане блед. Лицето ѝ поджолтна од тешката болест.

Коњугација: (ќе) поджолтнат , (ќе) поджолтне , (ќе) поджолтнел, поджолтнаа , поджолтнав , поджолтнал , поджолтнат , поджолтнете , поджолтни .

Изведени зборови:

  • поджолтнува, глаг. несв. поджолтнуваат

Оригинални податоци:

поджолтне, поджолтнат; поджолтни, поджолтнете; поджолтнав, поджолтнаа; поджолтнал; (ќе) поджолтне, (ќе) поджолтнат; (ќе) поджолтнел св. 1. За растение ‒ добие жолтеникава боја, стане жолтеникав. Лисјата на пиперот поджолтнале. 2. За човек ‒ стане блед. Лицето ѝ поджолтна од тешката болест. ‖ поджолтнува, поджолтнуваат несв.