поема

Именка, женски род

Значење на поема:

1. Подолга литературна творба во стихови, со лирско-епски карактер. Поемата „Сердарот“ се вбројува во врвните дела во поетската уметност.

2. Назив со кој се именуваат големи прозни дела со високи уметнички вредности. Неговиот роман е поема што нè води низ животот.

3. (прен.) Нешто убаво, возвишено, што создава прекрасни чувства. Тие ја живеат најубавата поема на љубовта.

4. Термин со кој се именуваат некои музички дела. Симфониска поема.

Множина: поеми.

Оригинални податоци:

поема, мн. поеми ж. 1. Подолга литературна творба во стихови, со лирско-епски карактер. Поемата „Сердарот“ се вбројува во врвните дела во поетската уметност. 2. Назив со кој се именуваат големи прозни дела со високи уметнички вредности. Неговиот роман е поема што нè води низ животот. 3. (прен.) Нешто убаво, возвишено, што создава прекрасни чувства. Тие ја живеат најубавата поема на љубовта. 4. Термин со кој се именуваат некои музички дела. Симфониска поема.