поен 1

Именка, машки род

Значење на поен:

Единица со која се определува успехот во спортот, образованието, при испитување знаење, при рангирање, при определување позиции и сл.; Тие освоија најмногу поени. Максимумот е 100 поени. Нашата претставничка доби 2 поена.

Множина: поена, поени.

Фразеолошки израз / поговорка:

Добие поен ‒ го подобри општото мислење за себе, добие предност. Со последните случувања тој доби поени.

Оригинални податоци:

поен1, мн. поени, избр. мн. поена м. Единица со која се определува успехот во спортот, образованието, при испитување знаење, при рангирање, при определување позиции и сл.; сп. бод. Тие освоија најмногу поени. Максимумот е 100 поени. Нашата претставничка доби 2 поена. ◊ Добие поен ‒ го подобри општото мислење за себе, добие предност. Со последните случувања тој доби поени.