поетизира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на поетизира:

1. Претстави, претставува, опише, опишува нешто во поетска форма, како естетски доживеано, возвишено. Тој настојува да го поетизира општото и да внесе чувствена димензија. Таа го поетизира својот сопствен израз.

2. (ирон.) Покаже, покажува претерана склоност кон поетско изразување, доживување. Тој театрално поетизира во најтешките моменти.

Коњугација: поетизираат , поетизирајќи.

Изведени зборови:

  • поетизирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

поетизира, поетизираат; поетизирајќи св. и несв. 1. Претстави, претставува, опише, опишува нешто во поетска форма, како естетски доживеано, возвишено. Тој настојува да го поетизира општото и да внесе чувствена димензија. Таа го поетизира својот сопствен израз. 2. (ирон.) Покаже, покажува претерана склоност кон поетско изразување, доживување. Тој театрално поетизира во најтешките моменти. ‖ глаг. им. поетизирање ср.