пофати
Значење на пофати:
1. Фати нежно, внимателно; напипа (со прсти) нешто. Го пофати штофот и рече дека не е волнен.
2. Посегне; испружи рака да фати нешто. Пофатил да скине една круша, но паднал од дрвото.
3. (прен.) Почне со работа, поработи. Ајде пофати и ти малку, не стој!
Коњугација: пофатат.
Фразеолошки израз / поговорка:
Му пофаќа раката – навикнал да краде.
Оригинални податоци:
пофати, пофатат св. 1. Фати нежно, внимателно; напипа (со прсти) нешто. Го пофати штофот и рече дека не е волнен. 2. Посегне; испружи рака да фати нешто. Пофатил да скине една круша, но паднал од дрвото. 3. (прен.) Почне со работа, поработи. Ајде пофати и ти малку, не стој! ◊ Му пофаќа раката – навикнал да краде.