погача

Именка, женски род

Значење на погача:

1. Пченичен леб од тесто без квасец, печен во тепсија. Бела погача. Топла погача.

2. (прен.) Тоа што е во вид на погача. Пченкарна погача. Погача биено сирење.

Множина: погачи.

Изведени зборови:

  • погаче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Преку леб погача (бара) ‒ не е задоволен од добиеното, бара премногу.

Оригинални податоци:

погача, мн. погачи ж. 1. Пченичен леб од тесто без квасец, печен во тепсија. Бела погача. Топла погача. 2. (прен.) Тоа што е во вид на погача. Пченкарна погача. Погача биено сирење. ◊ Преку леб погача (бара) ‒ не е задоволен од добиеното, бара премногу. ‖ погаче, мн. погачиња ср. дем.