поган

Придавка

Значење на поган:

1. а) Злобен, пакосен; одвратен. Го познаваа како многу поган човек. Погана душа. б) Многу лош. Погано куче. Погано време. Погана зима.

2. Нечист. Се прашуваше каков ќе го најде, чист или поган. Не фаќај ништо со тие погани раце.

Членувана форма: поганиот.

Изведени зборови:

  • погано, прил. Погано лути. Погано зборува. Го излагале погано и злобно.

Фразеолошки израз / поговорка:

Поган јазик / уста ‒ непристоен, вулгарен; зајадлив, злобен, пакосен.

Оригинални податоци:

поган, поганиот прид. 1. а) Злобен, пакосен; одвратен. Го познаваа како многу поган човек. Погана душа. б) Многу лош. Погано куче. Погано време. Погана зима. 2. Нечист. Се прашуваше каков ќе го најде, чист или поган. Не фаќај ништо со тие погани раце. ◊ Поган јазик / уста ‒ непристоен, вулгарен; зајадлив, злобен, пакосен. ‖ погано прил. Погано лути. Погано зборува. Го излагале погано и злобно.