поглед
Значење на поглед:
1. Насоченост на очите кон некого, кон нешто. Го следи со поглед. Впери поглед. Крене поглед. Задржи поглед.
2. Израз на очите како одраз на душевната состојба. Бистар поглед. Испитувачки поглед. Празен поглед. Срамежлив поглед. Зол поглед. Страшен поглед. Тажен поглед.
3. Тоа што се открива пред очите од некое место. Прозорец со поглед на реката. Соба со поглед на езерото. Прекрасен поглед на сите страни.
4. а) Гледиште, вид, страна на гледање, на оцена. Во секој поглед. Во морален поглед. Во поглед на квалитетот. б) Начин на сфаќање, на уверување. Современ поглед. Научен поглед. Конзервативни погледи.
Множина: погледи.
Фразеолошки израз / поговорка:
На прв поглед ‒ површно, бегло, без задлабочување во суштината. Сврти (привлече) поглед ‒ предизвика внимание, интерес. Фрли поглед (на нешто) ‒ набрзина прегледа, разгледа. Голтне со поглед ‒ покаже големо љубопитство. Мери (измери) со поглед ‒ добро изгледа, оцени некого со поглед. Поглед на светот (животот) ‒ филозофско, животно уверување.
Оригинални податоци:
поглед, мн. погледи м. 1. Насоченост на очите кон некого, кон нешто. Го следи со поглед. Впери поглед. Крене поглед. Задржи поглед. 2. Израз на очите како одраз на душевната состојба. Бистар поглед. Испитувачки поглед. Празен поглед. Срамежлив поглед. Зол поглед. Страшен поглед. Тажен поглед. 3. Тоа што се открива пред очите од некое место. Прозорец со поглед на реката. Соба со поглед на езерото. Прекрасен поглед на сите страни. 4. а) Гледиште, вид, страна на гледање, на оцена. Во секој поглед. Во морален поглед. Во поглед на квалитетот. б) Начин на сфаќање, на уверување. Современ поглед. Научен поглед. Конзервативни погледи. ◊ На прв поглед ‒ површно, бегло, без задлабочување во суштината. Сврти (привлече) поглед ‒ предизвика внимание, интерес. Фрли поглед (на нешто) ‒ набрзина прегледа, разгледа. Голтне со поглед ‒ покаже големо љубопитство. Мери (измери) со поглед ‒ добро изгледа, оцени некого со поглед. Поглед на светот (животот) ‒ филозофско, животно уверување.