погледне
Значење на погледне:
1. Насочи за миг поглед кон некого, кон нешто. Го погледна право в лице. Погледна во него и се засрами. Погледна во облаците и подзамижа.
2. Се погрижи за некого, обрне, посвети внимание. Остана сам, никој немаше да го погледне.
3. (прен.) Разгледа, испита, земе под внимание. Ако погледнеме подобро, ќе дојдеме до подруг заклучок. Погледнете од која сакате страна, состојбата не е добра. Погледни да не има некоја грешка.
Коњугација: (ќе) погледнеа , (ќе) погледнев , (ќе) погледнел, погледнаа , погледнав , погледнал , погледнат , погледнат , погледнете , погледни .
Изведени зборови:
- погледнување, глаг. им. ср.
- се ~ погледне, 1. Насочи поглед кон себе. Се погледна и се позачисти малку. 2. Насочи за миг поглед еден во друг. Селаните збунето се погледнаа.
- (се) погледнува, глаг. несв. (се) погледнуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Погледне (некому) низ прсти ‒ не покаже строгост, попушти. Погледне под око ‒ погледне прикриено, потајно, без да се забележи. Погледне напреку (накриво) ‒ со нетрпеливост, непријателски.
Оригинални податоци:
погледне, погледнат; погледни, погледнете; погледнав, погледнаа; погледнал; погледнат; (ќе) погледнев, (ќе) погледнеа; (ќе) погледнел св. 1. Насочи за миг поглед кон некого, кон нешто. Го погледна право в лице. Погледна во него и се засрами. Погледна во облаците и подзамижа. 2. Се погрижи за некого, обрне, посвети внимание. Остана сам, никој немаше да го погледне. 3. (прен.) Разгледа, испита, земе под внимание. Ако погледнеме подобро, ќе дојдеме до подруг заклучок. Погледнете од која сакате страна, состојбата не е добра. Погледни да не има некоја грешка. ● се ~ 1. Насочи поглед кон себе. Се погледна и се позачисти малку. 2. Насочи за миг поглед еден во друг. Селаните збунето се погледнаа. ◊ Погледне (некому) низ прсти ‒ не покаже строгост, попушти. Погледне под око ‒ погледне прикриено, потајно, без да се забележи. Погледне напреку (накриво) ‒ со нетрпеливост, непријателски. ‖ (се) погледнува, (се) погледнуваат несв. ‖ глаг. им. погледнување ср.