погоди

Глагол, свршен

Значење на погоди:

1. Даде точен одговор, точно каже, се домисли, одгатне. Се зачуди кога погодив што работи. Погодете што ви донесов. По гласот погодија кој е. Не можеше да ја погоди нивната намера. Мислеше дека му ги погоди мислите.

2. Удри во целта, во некого, во нешто при гаѓање, фрлање и сл. Уште при првото гаѓање погоди. Каменот го погоди прозорецот. Влезете внатре да не ве погоди некој заскитан куршум.

3. (прен.) Се случи, снајде нешто некого. Градот го погоди силен земјотрес. Целиот регион беше погоден од силно невреме. Сушата сите ги погоди.

4. (прен.) а) Успешно направи нешто, избере во соодветно време, место итн. Веднаш го погоди клучот и отклучи. Сакаше да каже нешто, ама не можеше да го погоди зборот. Не беа сигурни дали го погодија патот. Сакаше да го погоди времето кога се сите дома. Одвај погоди кај да седне. Денеска не се погодил лебов. Дал пари, ама не ја погодил колата. б) (ирон.) Направи лош избор. Ама го погодил времето, баш на дождот. Погодил кога да дојде. Го погодиле човекот.

5. Договори цена при купување, продавање. Колку ја погодивте куќата? Евтино си ја погодил колата.

6. Земе некого за работа, услуга под определени услови. Го погодил да му работи годинава. Погодил мајстори за куќата.

7. Уреди, среди, добро намести; дотера, се погрижи. Во куќата сите работи му се погодени. Иако мал, убаво го погодил станот. Ги погоди децата за на училиште. Колку да сакаш, нему не можеш да му погодиш. Го прибраа и го погодија добитокот.

8. (прен.) Предизвика кај некого силна емоција, силно засегне, потресе некого. Смртта на мајката силно ги погоди. Го погоди тоа што сите го сметаа него виновен за несреќата.

Коњугација: погодат.

Изведени зборови:

  • погаѓање, глаг. им. ср. погаѓање / погодување
  • (се) погаѓа, глаг. несв. (се) погаѓаат -- (се) погодува, (се) погодуваат
  • се ~ погоди, 1. Се договори со некого, заемно. Со учителот се погодиле да им ги учи децата. По долго пазарење, се погодија. 2. Се дотера, се уреди. Се погоди како за на свадба. Се погоди и излезе. 3. Се покаже, се открие, во однос на некоја особина, својство. За среќа, жената се погоди лекарка и им помогна. Луѓето се погодија нашинци. Невестата се погодила многу разбрана. Двајцата се погодиле тврдоглави. Коњот се погодил малку див. Чевлите му се погодиле токму на нога. 4. Се случи, се поклопи со нешто. Се погоди и тој таму. Таа година зимата се погоди долга и сурова. Времето се погоди врнежливо. Детето се погоди женско. 5. Се истера, се метне на некого. Детето се погоди на мајка си. Ако се погоди на задојницата, девојчето ќе биде многу вредно.

Оригинални податоци:

погоди, погодат св. 1. Даде точен одговор, точно каже, се домисли, одгатне. Се зачуди кога погодив што работи. Погодете што ви донесов. По гласот погодија кој е. Не можеше да ја погоди нивната намера. Мислеше дека му ги погоди мислите. 2. Удри во целта, во некого, во нешто при гаѓање, фрлање и сл. Уште при првото гаѓање погоди. Каменот го погоди прозорецот. Влезете внатре да не ве погоди некој заскитан куршум. 3. (прен.) Се случи, снајде нешто некого. Градот го погоди силен земјотрес. Целиот регион беше погоден од силно невреме. Сушата сите ги погоди. 4. (прен.) а) Успешно направи нешто, избере во соодветно време, место итн. Веднаш го погоди клучот и отклучи. Сакаше да каже нешто, ама не можеше да го погоди зборот. Не беа сигурни дали го погодија патот. Сакаше да го погоди времето кога се сите дома. Одвај погоди кај да седне. Денеска не се погодил лебов. Дал пари, ама не ја погодил колата. б) (ирон.) Направи лош избор. Ама го погодил времето, баш на дождот. Погодил кога да дојде. Го погодиле човекот. 5. Договори цена при купување, продавање. Колку ја погодивте куќата? Евтино си ја погодил колата. 6. Земе некого за работа, услуга под определени услови. Го погодил да му работи годинава. Погодил мајстори за куќата. 7. Уреди, среди, добро намести; дотера, се погрижи. Во куќата сите работи му се погодени. Иако мал, убаво го погодил станот. Ги погоди децата за на училиште. Колку да сакаш, нему не можеш да му погодиш. Го прибраа и го погодија добитокот. 8. (прен.) Предизвика кај некого силна емоција, силно засегне, потресе некого. Смртта на мајката силно ги погоди. Го погоди тоа што сите го сметаа него виновен за несреќата. ● се ~ 1. Се договори со некого, заемно. Со учителот се погодиле да им ги учи децата. По долго пазарење, се погодија. 2. Се дотера, се уреди. Се погоди како за на свадба. Се погоди и излезе. 3. Се покаже, се открие, во однос на некоја особина, својство. За среќа, жената се погоди лекарка и им помогна. Луѓето се погодија нашинци. Невестата се погодила многу разбрана. Двајцата се погодиле тврдоглави. Коњот се погодил малку див. Чевлите му се погодиле токму на нога. 4. Се случи, се поклопи со нешто. Се погоди и тој таму. Таа година зимата се погоди долга и сурова. Времето се погоди врнежливо. Детето се погоди женско. 5. Се истера, се метне на некого. Детето се погоди на мајка си. Ако се погоди на задојницата, девојчето ќе биде многу вредно. ‖ (се) погаѓа, (се) погаѓаат / (се) погодува, (се) погодуваат несв. ‖ глаг. им. погаѓање / погодување ср.