погребе 1

Глагол, свршен

Значење на погребе:

1. Изврши погреб на мртовец.

2. (прен.) Уништи, упропасти, изгуби. Извештајот за резултатите во производството ги погреба сите надежи на колективот за покачување на платите.

Коњугација: (ќе) погребеа , (ќе) погребев , (ќе) погребел, погребаа , погребав , погребал , погребан , погребат , погребете , погреби .

Изведени зборови:

  • погребување, глаг. им. ср.
  • се ~ погребе, Кон зн. 2. Со последните неуспеси на тимот, тренерот наполно се погреба и исчезна од спортскиот живот.
  • (се) погребува, глаг. несв. (се) погребуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Жив се погреба ‒ сам се уништи, пропадне.

Оригинални податоци:

погребе1, погребат; погреби, погребете; погребав, погребаа; погребал; погребан; (ќе) погребев, (ќе) погребеа; (ќе) погребел св. 1. Изврши погреб на мртовец. 2. (прен.) Уништи, упропасти, изгуби. Извештајот за резултатите во производството ги погреба сите надежи на колективот за покачување на платите. ● се ~ Кон зн. 2. Со последните неуспеси на тимот, тренерот наполно се погреба и исчезна од спортскиот живот. ◊ Жив се погреба ‒ сам се уништи, пропадне. ‖ (се) погребува, (се) погребуваат несв. ‖ глаг. им. погребување ср.