погреши

Глагол, свршен

Значење на погреши:

1. Направи грешка; греши Погрешивме што ги оставивме сами децата дома. Сум погрешила во сметката.

2. Направи некому неправда. Кажи да не сум ти погрешил нешто.

Коњугација: погрешат.

Изведени зборови:

  • погрешување, глаг. им. ср.
  • се ~ погреши, Остане со трајна неспособност, со последица од прележана болест, од добиена повреда и сл. По несреќата, се погреши човекот и не го бидува за работа. Ако крева тешко, ќе се погреши жената.
  • (се) погрешува, глаг. повт. (се) погрешуваат

Оригинални податоци:

погреши, погрешат св. 1. Направи грешка; сп. греши 1. Погрешивме што ги оставивме сами децата дома. Сум погрешила во сметката. 2. Направи некому неправда. Кажи да не сум ти погрешил нешто. ● се ~ Остане со трајна неспособност, со последица од прележана болест, од добиена повреда и сл. По несреќата, се погреши човекот и не го бидува за работа. Ако крева тешко, ќе се погреши жената. ‖ (се) погрешува, (се) погрешуваат повт. ‖ глаг. им. погрешување ср.