поход
Значење на поход:
1. Организирано одење, поаѓање некаде; организирана обиколка или посета на нешто. Туристички поход. Поход на планина.
2. Движење на војска за исполнување на воена задача; воени дејства, воена кампања. Војските тргнаа во поход. Походите на Александар Македонски.
3. (прен.) Организирано дејствување, кампања против некого или нешто. Нивниот печат организира вистински поход против нас.
Множина: походи.
Оригинални податоци:
поход, мн. походи м. 1. Организирано одење, поаѓање некаде; организирана обиколка или посета на нешто. Туристички поход. Поход на планина. 2. Движење на војска за исполнување на воена задача; воени дејства, воена кампања. Војските тргнаа во поход. Походите на Александар Македонски. 3. (прен.) Организирано дејствување, кампања против некого или нешто. Нивниот печат организира вистински поход против нас.