пои

Глагол, несвршен

Значење на пои:

1. а) Дава вода да пие на добиток; води на поило. Секое утро ги пои кравите на потокот. Пазарџиите го поеја добитокот со вода. б) (разг.) Дава вода или некаква течност некому (на човек). Таа ги пои децата со природни сокови. Таа го пои со чај од горки треви за да оздрави.

2. (разг.) Дава некому да пие, го чести. Ние ги поевме со вино и со ракија, а сега не нè погледнуваат.

3. (прен.) Натопи, засити со вода, наводни. Снеговите ја појат земјата со вода. Нил ја пои пустината.

4. (прен.) Напои, вдахне со некое убаво чувство, со искуство или со знаење. Дедото ги поеше внуците со добрина. Овие средби го поеја со тага. Мајката со љубов ги поеше и со насмевка ги растеше. Со крв ја поевме нашата земја, затоа нашата слобода е крвава.

Коњугација: поев , поеја , поејќи , поел , поен , поење , пој , појаа , појав , појал , појан, појат , појте .

Оригинални податоци:

пои, појат; пој, појте; поев, поеја; поел; поен; поејќи; поење; појав, појаа; појал; појан несв. 1. а) Дава вода да пие на добиток; води на поило. Секое утро ги пои кравите на потокот. Пазарџиите го поеја добитокот со вода. б) (разг.) Дава вода или некаква течност некому (на човек). Таа ги пои децата со природни сокови. Таа го пои со чај од горки треви за да оздрави. 2. (разг.) Дава некому да пие, го чести. Ние ги поевме со вино и со ракија, а сега не нè погледнуваат. 3. (прен.) Натопи, засити со вода, наводни. Снеговите ја појат земјата со вода. Нил ја пои пустината. 4. (прен.) Напои, вдахне со некое убаво чувство, со искуство или со знаење. Дедото ги поеше внуците со добрина. Овие средби го поеја со тага. Мајката со љубов ги поеше и со насмевка ги растеше. Со крв ја поевме нашата земја, затоа нашата слобода е крвава.