поим

Именка, машки род

Значење на поим:

1. Мисла што претставува збир од општите и од специфичните карактеристики и својства на еднородни предмети или појави. Географски поим. Лингвистички поим. Поимот скратеница во македонскиот јазик е доста широко дефиниран. За тој поим треба да се даде македонски збор.

2. Општа информираност, знаење за нешто. Јас имам поим што треба да се стори. Таа има поим за тешкотиите во оваа работа.

3. Сфаќање, претстава. Тој има необични поими за нашето работење. Неговите чудни поими за денешната младина ги изненадија сите.

Множина: поими.

Изведени зборови:

  • поимски, прид. поимскиот Што се однесува на поим. Поимска содржина. Поимска конструкција.

Фразеолошки израз / поговорка:

Нема поим ‒ не знае ништо.

Оригинални податоци:

поим, мн. поими м. 1. Мисла што претставува збир од општите и од специфичните карактеристики и својства на еднородни предмети или појави. Географски поим. Лингвистички поим. Поимот скратеница во македонскиот јазик е доста широко дефиниран. За тој поим треба да се даде македонски збор. 2. Општа информираност, знаење за нешто. Јас имам поим што треба да се стори. Таа има поим за тешкотиите во оваа работа. 3. Сфаќање, претстава. Тој има необични поими за нашето работење. Неговите чудни поими за денешната младина ги изненадија сите. ◊ Нема поим ‒ не знае ништо. ‖ поимски, поимскиот прид. Што се однесува на поим. Поимска содржина. Поимска конструкција.