појаде
Значење на појаде:
1. Јаде наутро, обично првпат во денот, јаде појадок. Таа појаде и појде на работа. Тој не појаде и рано си замина.
2. Јаде малку, кратко време. Таа појала малку од лебот.
3. јаде 3.
Конјугација: (ќе) појадеа , (ќе) појадев , (ќе) појадел , појадат , појаден, појадете , појади , појадоа , појадов , појал .
Изведени зборови:
- појадува, глаг. несв. појадуваат сп. појаде 1 и 2.
- појадување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
појаде, појадат; појади, појадете; појадов, појадоа; појал; (ќе) појадев, (ќе) појадеа; (ќе) појадел; појаден св. 1. Јаде наутро, обично првпат во денот, јаде појадок. Таа појаде и појде на работа. Тој не појаде и рано си замина. 2. Јаде малку, кратко време. Таа појала малку од лебот. 3. сп. јаде 3. ‖ појадува, појадуваат несв. сп. појаде 1 и 2. ‖ глаг. им. појадување ср.