појас
Значење на појас:
1. Широк ремен, колан или долга, тесна ткаенина што се обвиткува, заврзува околу половината. Тој носеше на половината широк црн појас. Црвениот појас ѝ ја стегаше половината.
2. Дел од телото што го опфаќа папокот вертикално и прави круг; половина. Има брада до појас. Таа беше тенка во појасот, а косата ѝ беше до појасот.
3. а) (геогр.) Климатска зона или дел од Земјината топка. Студен појас. Тропски појас. Шумски појас. б) Определен простор со свои карактеристики, територија изделена по некакво обележје. Зелен појас. Индустриски појас.
4. Поколение, генерација, потомство. Од нивниот појас сите млади изумреа. Вредноста на нивното потекло се смета до третиот појас.
Множина: појаси.
Фразеолошки израз / поговорка:
Појас за спасување ‒ направа од непропустлив материјал, исполнета со воздух што служи за одржување на вода. Сигурносен појас ‒ посебно приспособена лента што се става преку градите од безбедносни причини (во кола, авион и сл.). Арам стока спечалена не оди ни до три појаса ‒ заработеното на нечесен начин бргу се троши. Не ми е ниту до појас ‒ во ништо не може да се споредува според вредностите, има мали вредности.
Оригинални податоци:
појас, мн. појаси м. 1. Широк ремен, колан или долга, тесна ткаенина што се обвиткува, заврзува околу половината. Тој носеше на половината широк црн појас. Црвениот појас ѝ ја стегаше половината. 2. Дел од телото што го опфаќа папокот вертикално и прави круг; сп. половина. Има брада до појас. Таа беше тенка во појасот, а косата ѝ беше до појасот. 3. а) (геогр.) Климатска зона или дел од Земјината топка. Студен појас. Тропски појас. Шумски појас. б) Определен простор со свои карактеристики, територија изделена по некакво обележје. Зелен појас. Индустриски појас. 5. Поколение, генерација, потомство. Од нивниот појас сите млади изумреа. Вредноста на нивното потекло се смета до третиот појас. ◊ Појас за спасување ‒ направа од непропустлив материјал, исполнета со воздух што служи за одржување на вода. Сигурносен појас ‒ посебно приспособена лента што се става преку градите од безбедносни причини (во кола, авион и сл.). Арам стока спечалена не оди ни до три појаса ‒ заработеното на нечесен начин бргу се троши. Не ми е ниту до појас ‒ во ништо не може да се споредува според вредностите, има мали вредности.