појава

Именка, женски род

Значење на појава:

1. а) Стварност, реалност, нешто што може да го сетиме, да го издвоиме или да го опишеме. Природна појава. Јазични појави. б) Феномен, редок настан. Ретка, исклучителна, впечатлива појава.

2. Настан, случување во секојдневниот или во општествениот живот. Секојдневна појава. Вообичаена појава. Општествено-историска појава.

3. Фигура, облик или изглед на телото. Нејзината нежна појава ги восхити сите. Неговата појава вознемирува.

4. Во театарска претстава дел од чин во кој не се менуваат актерите на сцената. Втората појава од првиот чин.

5. Појавување. Појавата на романтизмот. Појавата на македонските учебници.

Множина: појави.

Оригинални податоци:

појава, мн. појави ж. 1. а) Стварност, реалност, нешто што може да го сетиме, да го издвоиме или да го опишеме. Природна појава. Јазични појави. б) Феномен, редок настан. Ретка, исклучителна, впечатлива појава. 2. Настан, случување во секојдневниот или во општествениот живот. Секојдневна појава. Вообичаена појава. Општествено-историска појава. 3. Фигура, облик или изглед на телото. Нејзината нежна појава ги восхити сите. Неговата појава вознемирува. 4. Во театарска претстава дел од чин во кој не се менуваат актерите на сцената. Втората појава од првиот чин. 5. Појавување. Појавата на романтизмот. Појавата на македонските учебници.