појде
Значење на појде:
1. а) Отиде, замине некаде (пешки или со превозно средство). Тој појде на работа. Тие појдоа на забава. б) Стигне некаде. Досега требаше да појде и да се врати.
2. (прен.) Земе нешто за појдовна точка. Појде од погрешна претпоставка. Во планирањето појдовме од досегашните резултати.
3. (разг.) Изгуби, исчезне. Во пожарот му појде куќата. Со тој ум и главата ќе ти појде.
Коњугација: (ќе) појдеа , (ќе) појдев , (ќе) појдел , појдат , појден, појдете , појди , појдоа , појдов , пошле , пошол .
Изведени зборови:
- поаѓа, глаг. несв. поаѓаат Кон зн. 1. а) и 2.
- поаѓање, глаг. им. ср.
- се ~ појде, Си отиде, си замине (од каде пошол). Не можеа повеќе да чекаат, си појдоа. Тој ќе си појде дотогаш.
- (си) појдува, глаг. повт. (си) појдуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Како дошло така пошло ‒ на ист начин како нешто се создало така го снемало. Му појде нему в уши ‒ дознал нешто. Му појде од рака ‒ успешно извршува некаква дејност. Појди-дојди ‒ се шета, оди некаде и се враќа; залудно го троши времето.
Оригинални податоци:
појде, појдат; појди, појдете; појдов, појдоа; пошол, пошле; (ќе) појдев, (ќе) појдеа; (ќе) појдел; појден св. 1. а) Отиде, замине некаде (пешки или со превозно средство). Тој појде на работа. Тие појдоа на забава. б) Стигне некаде. Досега требаше да појде и да се врати. 2. (прен.) Земе нешто за појдовна точка. Појде од погрешна претпоставка. Во планирањето појдовме од досегашните резултати. 3. (разг.) Изгуби, исчезне. Во пожарот му појде куќата. Со тој ум и главата ќе ти појде. ● си ~ Си отиде, си замине (од каде пошол). Не можеа повеќе да чекаат, си појдоа. Тој ќе си појде дотогаш. ◊ Како дошло така пошло ‒ на ист начин како нешто се создало така го снемало. Му појде нему в уши ‒ дознал нешто. Му појде од рака ‒ успешно извршува некаква дејност. Појди-дојди ‒ се шета, оди некаде и се враќа; залудно го троши времето. ‖ поаѓа, поаѓаат несв. Кон зн. 1. а) и 2. ‖ глаг. им. поаѓање ср. ‖ (си) појдува, (си) појдуваат повт.