покана
Значење на покана:
1. а) Повик, молба за присуство, учество во нешто (свеченост, седница, конференција, собир итн.) Од нив имавме отворена покана. Неговата покана за забава никој не ја сфати сериозно. б) Напечатен текст со соодветна содржина со кој се поканува. Поканите беа многу луксузни. Беа отпечатени двесте покани.
2. Писмен повик за извршување некаква обврска. Судска покана. Покана за вакцина, за имунизација.
Множина: покани.
Оригинални податоци:
покана, мн. покани ж. 1. а) Повик, молба за присуство, учество во нешто (свеченост, седница, конференција, собир итн.) Од нив имавме отворена покана. Неговата покана за забава никој не ја сфати сериозно. б) Напечатен текст со соодветна содржина со кој се поканува. Поканите беа многу луксузни. Беа отпечатени двесте покани. 2. Писмен повик за извршување некаква обврска. Судска покана. Покана за вакцина, за имунизација.