покапе 2
Значење на покапе:
1. Капе (вода, течност) малку или кратко време; капе2 Водата од чешмата покапе уште неколку секудни. Покапаа неколку капки од шишето.
2. Извалка со капки, накапе, искапе на повеќе места. Таа ми го покапа свилениот фустан.
3. (прен.) а) За очи ‒ се измори од напрегање. Очите му покапаа по девојката. б) За лисје, цвет и сл., ‒ падне, испопадне. Лисјата покапаа. Цветовите покапаа. в) За пари ‒ пристигнуваат малку по малку. Некоја паричка ќе покапе и од оваа работа.
Коњугација: (ќе) покапеа , (ќе) покапев , (ќе) покапел, покапаа , покапав , покапал , покапан , покапат , покапете , покапи .
Изведени зборови:
- се ~ покапе, Се накапе, се извалка со капење. Таа се покапа со црвено вино.
Оригинални податоци:
покапе2, покапат; покапи, покапете; покапав, покапаа; покапал; покапан; (ќе) покапев, (ќе) покапеа; (ќе) покапел св. 1. Капе (вода, течност) малку или кратко време; сп. капе2 1. Водата од чешмата покапе уште неколку секудни. Покапаа неколку капки од шишето. 2. Извалка со капки, накапе, искапе на повеќе места. Таа ми го покапа свилениот фустан. 3. (прен.) а) За очи ‒ се измори од напрегање. Очите му покапаа по девојката. б) За лисје, цвет и сл., ‒ падне, испопадне. Лисјата покапаа. Цветовите покапаа. в) За пари ‒ пристигнуваат малку по малку. Некоја паричка ќе покапе и од оваа работа. ● се ~ Се накапе, се извалка со капење. Таа се покапа со црвено вино.