показ
Значење на показ:
1. Пример, покажување, демонстрација. Ова беше добар показ за нашата подготвеност. Тие служеа за показ како треба да се брани татковината. Неговиот животен пат е показ за постојано страдање.
2. Јавно покажување. Тој им ги изложи доказните материјали на показ. Таа го изнесе на показ сето она што го знаеше.
3. Знак што навестува, најава. Облачното време беше показ дека ќе врне. Лошите соништа се показ дека нешто страшно ќе се случи.
Множина: покази.
Фразеолошки израз / поговорка:
(Тоа е) на показ ‒ 1. Изложено да се види. Тоа е само на показ, не е за продавање. 2. Се покажува, се најавува. На показ се нови таленти.
Оригинални податоци:
показ, мн. покази м. 1. Пример, покажување, демонстрација. Ова беше добар показ за нашата подготвеност. Тие служеа за показ како треба да се брани татковината. Неговиот животен пат е показ за постојано страдање. 2. Јавно покажување. Тој им ги изложи доказните материјали на показ. Таа го изнесе на показ сето она што го знаеше. 3. Знак што навестува, најава. Облачното време беше показ дека ќе врне. Лошите соништа се показ дека нешто страшно ќе се случи. ◊ (Тоа е) на показ ‒ 1. Изложено да се види. Тоа е само на показ, не е за продавање. 2. Се покажува, се најавува. На показ се нови таленти.