покаже
Значење на покаже:
1. Направи да може нешто да се види, изнесе јавно. Таа ги покажа своите најнови фотографии. Тој ја покажа својата збирка марки.
2. Посочи, укаже на нешто, обично со гест. Таа ни покажа со раката каде треба да седнеме. Тој со очите покажа дека му е страв.
3. (прен.) а) Објасни, посведочи, потврди нешто. Анализата покажа дека дијагнозата е точна. Нашите истражувања покажаа дека станува збор за плагијат. Ние покажавме дека вистината е на наша страна. Времето ќе покаже кој грешел. б) Означи, измери. Топломерот покажуваше многу висока температура. Часовникот покажа 2 часот. Ќе видиме што ќе покаже кантарот.
4. (прен.) При закана ‒ казни, се одмазди некому. Ќе ти покажам јас тебе кој е главен овде!
Коњугација: (ќе) покажеа , (ќе) покажев , (ќе) покажел, покажаа , покажав , покажал , покажан , покажат , покажете , покажи .
Изведени зборови:
- покажување, глаг. им. ср.
- се ~ покаже, 1. Стане видлив, се појави. Девојката се покажа на прозорецот. На небото се покажаа првите ѕвезди. Пред нас се покажа прекрасна глетка. На нејзините усни се покажа насмевка. 2. (прен.) а) Се појави, се претстави со некоја особина, својство. Тој се покажа многу мудар. Работата се покажа многу добра. Ние се покажавме храбри. б) (само 3 л.) Стане јасно, се открие нешто. Се покажа дека сè што зборувал е вистина. Се покажа дека тој е голем измамник. Се покажа дека е доцна за нови обиди.
- (се) покажува, глаг. несв. (се) покажуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Покаже врата ‒ изгони, избрка некого.
Оригинални податоци:
покаже, покажат; покажи, покажете; покажав, покажаа; покажал; покажан; (ќе) покажев, (ќе) покажеа; (ќе) покажел св. 1. Направи да може нешто да се види, изнесе јавно. Таа ги покажа своите најнови фотографии. Тој ја покажа својата збирка марки. 2. Посочи, укаже на нешто, обично со гест. Таа ни покажа со раката каде треба да седнеме. Тој со очите покажа дека му е страв. 3. (прен.) а) Објасни, посведочи, потврди нешто. Анализата покажа дека дијагнозата е точна. Нашите истражувања покажаа дека станува збор за плагијат. Ние покажавме дека вистината е на наша страна. Времето ќе покаже кој грешел. б) Означи, измери. Топломерот покажуваше многу висока температура. Часовникот покажа 2 часот. Ќе видиме што ќе покаже кантарот. 4. (прен.) При закана ‒ казни, се одмазди некому. Ќе ти покажам јас тебе кој е главен овде! ● се ~ 1. Стане видлив, се појави. Девојката се покажа на прозорецот. На небото се покажаа првите ѕвезди. Пред нас се покажа прекрасна глетка. На нејзините усни се покажа насмевка. 2. (прен.) а) Се појави, се претстави со некоја особина, својство. Тој се покажа многу мудар. Работата се покажа многу добра. Ние се покажавме храбри. б) (само 3 л.) Стане јасно, се открие нешто. Се покажа дека сè што зборувал е вистина. Се покажа дека тој е голем измамник. Се покажа дека е доцна за нови обиди. ◊ Покаже врата ‒ изгони, избрка некого. ‖ (се) покажува, (се) покажуваат несв. ‖ глаг. им. покажување ср.