поклекне
Значење на поклекне:
1. Клекне малку; клекне 1б. Тој поклекна за да ја допре земјата.
2. (прен.) а) Попушти, ослаби физички, здравствено. Со годините веќе поклекнал. Стариот ѝ поклекна на болеста. б) Се помири со нешто, престане да се противи, се повлече. Таа поклекна пред притисокот на јавноста. Тој поклекна пред нивните постојани забелешки. в) За предмет (градба и сл.) ‒ попушти, почне да се распаѓа. Куќата поклекна и беше на распаѓање. Мостот е поклекнат и готов да падне.
Коњугација: (ќе) поклекнеа , (ќе) поклекнев , (ќе) поклекнел, поклекнаа , поклекнав , поклекнал , поклекнат , поклекнат , поклекнете , поклекни .
Изведени зборови:
- поклекнува, глаг. несв. поклекнуваат
- поклекнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
поклекне, поклекнат; поклекни, поклекнете; поклекнав, поклекнаа; поклекнал; поклекнат; (ќе) поклекнев, (ќе) поклекнеа; (ќе) поклекнел св. 1. Клекне малку; сп. клекне 1б. Тој поклекна за да ја допре земјата. 2. (прен.) а) Попушти, ослаби физички, здравствено. Со годините веќе поклекнал. Стариот ѝ поклекна на болеста. б) Се помири со нешто, престане да се противи, се повлече. Таа поклекна пред притисокот на јавноста. Тој поклекна пред нивните постојани забелешки. в) За предмет (градба и сл.) ‒ попушти, почне да се распаѓа. Куќата поклекна и беше на распаѓање. Мостот е поклекнат и готов да падне. ‖ поклекнува, поклекнуваат несв. ‖ глаг. им. поклекнување ср.