поклоник

Именка, машки род

Значење на поклоник:

1. а) Верник што оди на поклонение, што дава почит на свети места. б) аџија.

2. Почитувач, обожавател на нешто или на некого. Тие се поклоници на македонската народна музика.

Множина: поклоници.

Изведени зборови:

  • поклоничка, и. ж.

Оригинални податоци:

поклоник, мн. поклоници м. 1. а) Верник што оди на поклонение, што дава почит на свети места. б) в. аџија. 2. Почитувач, обожавател на нешто или на некого. Тие се поклоници на македонската народна музика. ‖ поклоничка, мн. поклонички ж.