поклопи
Значење на поклопи:
1. Покрие со поклопка, со капак. Таа го поклопи тенџерето. Ги поклопи садовите со храна.
2. Прекрие цела површина на нешто. Пирејот поклопи цела една страна. Темна магла го поклопи полето. Неговата голема рака ја поклопи нејзината.
3. (прен.) Зафати, опфати и стави во споредна позиција. Таа со својата иронија го поклопи момчето. Неговата дрскост ги поклопи сите.
Коњугација: поклопат.
Изведени зборови:
- поклопување, глаг. им. ср.
- се ~ поклопи, 1. Се одвива нешто во исто време или нешто се појавува истоветно. Неколку настани се поклопија. Овој празник се поклопи со моето заминување. Мислењата им се поклопија за ова прашање. 2. Се покрие, се прекрие. Се поклопи со еден бел чаршаф.
- (се) поклопува, глаг. несв. (се) поклопуваат
Оригинални податоци:
поклопи, поклопат св. 1. Покрие со поклопка, со капак. Таа го поклопи тенџерето. Ги поклопи садовите со храна. 2. Прекрие цела површина на нешто. Пирејот поклопи цела една страна. Темна магла го поклопи полето. Неговата голема рака ја поклопи нејзината. 3. (прен.) Зафати, опфати и стави во споредна позиција. Таа со својата иронија го поклопи момчето. Неговата дрскост ги поклопи сите. ● се ~ 1. Се одвива нешто во исто време или нешто се појавува истоветно. Неколку настани се поклопија. Овој празник се поклопи со моето заминување. Мислењата им се поклопија за ова прашање. 2. Се покрие, се прекрие. Се поклопи со еден бел чаршаф. ‖ (се) поклопува, (се) поклопуваат несв. ‖ глаг. им. поклопување ср.