поколение
Значење на поколение:
1. Генерација, потомство, луѓе речиси на иста возраст со слични сфаќања и што живеат во еден временски период; генерација, колено 7. Младото поколение има поинакви сфаќања. Традицијата се пренесува од поколение на поколение. Секое човечко поколение има своја илузија.
2. Во семејните, фамилијарните односи, потомството во однос на заедничкиот предок; колено 6. Веќе три поколенија во нашето семејство нема женско дете. Неколку поколенија живееле во оваа куќа. Се радуваше на своето младо поколение.
Множина: поколенија.
Оригинални податоци:
поколение, мн. поколенија ср. 1. Генерација, потомство, луѓе речиси на иста возраст со слични сфаќања и што живеат во еден временски период; сп. генерација, колено 7. Младото поколение има поинакви сфаќања. Традицијата се пренесува од поколение на поколение. Секое човечко поколение има своја илузија. 2. Во семејните, фамилијарните односи, потомството во однос на заедничкиот предок; сп. колено 6. Веќе три поколенија во нашето семејство нема женско дете. Неколку поколенија живееле во оваа куќа. Се радуваше на своето младо поколение.