покорен 2

Придавка

Значење на покорен:

Послушен, што се покорува, што постапува како што ќе му се каже. Таа му беше покорна. Покорните вработени ги почитуваа сите правила.

Членувана форма: покорниот.

Изведени зборови:

  • покорно, прил. Тие го почитуваат покорно. Покорно ја молеше да му прости.
  • покорност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Слуга сум покорен ‒ (арх. книж.) при позрав во граѓанските кругови.

Оригинални податоци:

покорен2, покорниот прид. Послушен, што се покорува, што постапува како што ќе му се каже. Таа му беше покорна. Покорните вработени ги почитуваа сите правила. ◊ Слуга сум покорен ‒ (арх. книж.) при позрав во граѓанските кругови. ‖ покорно прил. Тие го почитуваат покорно. Покорно ја молеше да му прости. ‖ покорност ж.