покоси
Значење на покоси:
1. Изврши косење; косиТој ги покоси тукушто потераните млади стебленца.
2. Коси малку, кратко време. Покоси малку, се измори и седна.
3. (прен.) а) Пресече со поглед, остро погледне. Професорот ги покоси со само еден поглед. Таа го покоси со очите и тој ја наведна главата. б) Уништи, истреби; изумре од болест, епидемија и сл. Гранатите ги покосија куќите во овој дел од градот. Чумата покоси неколку села.
Коњугација: покосат.
Изведени зборови:
- покосува, глаг. несв. покосуваат
- покосување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
покоси, покосат св. 1. Изврши косење; сп. коси1. 1. Тој ги покоси тукушто потераните млади стебленца. 2. Коси малку, кратко време. Покоси малку, се измори и седна. 3. (прен.) а) Пресече со поглед, остро погледне. Професорот ги покоси со само еден поглед. Таа го покоси со очите и тој ја наведна главата. б) Уништи, истреби; изумре од болест, епидемија и сл. Гранатите ги покосија куќите во овој дел од градот. Чумата покоси неколку села. ‖ покосува, покосуваат несв. ‖ глаг им. покосување ср.