покрај
Значење на покрај:
1. Место на одвивање на дејството, положба во непосредна близина на некој предмет или лице. Поминав покрај тебе, а ти не ме виде. Стои покрај ѕидот и ги брои минувачите.
2. Одвивање на дејството по должина на нешто. Новиот пат ќе се гради покрај железничката пруга. Селаните насадија канадски тополи покрај каналот.
3. Нешто што е непосредно или што се извршува паралелно со нешто друго. Покрај толку проблеми, сега треба да се грижам за твојата болна тетка. Наоѓа време и за пишување покрај многубројните обврски во домот.
4. Допусно значење, наспроти (почесто со честичката и). Покрај толкаво богатство, пак не е задоволен. Попот не сакаше да побараме помош и покрај силните болки во стомакот.
Изведени зборови:
- покрај тоа што, сврз. Сложен сврзнички состав во зависносложена допусна реченица. сп. иако. И покрај тоа што работеше напорно, не заработи пари за стан. И покрај тоа што ѝ ги исполнуваше желбите, таа не го засака.
Фразеолошки израз / поговорка:
Покрај сувото гори и суровото ‒ покрај виновните, ќе настрадаат и невините.
Оригинални податоци:
покрај предл. 1. Место на одвивање на дејството, положба во непосредна близина на некој предмет или лице. Поминав покрај тебе, а ти не ме виде. Стои покрај ѕидот и ги брои минувачите. 2. Одвивање на дејството по должина на нешто. Новиот пат ќе се гради покрај железничката пруга. Селаните насадија канадски тополи покрај каналот. 3. Нешто што е непосредно или што се извршува паралелно со нешто друго. Покрај толку проблеми, сега треба да се грижам за твојата болна тетка. Наоѓа време и за пишување покрај многубројните обврски во домот. 4. Допусно значење, наспроти (почесто со честичката и). Покрај толкаво богатство, пак не е задоволен. Попот не сакаше да побараме помош и покрај силните болки во стомакот. ◊ Покрај сувото гори и суровото ‒ покрај виновните, ќе настрадаат и невините. ‖ покрај тоа што сврз. Сложен сврзнички состав во зависносложена допусна реченица. сп. иако. И покрај тоа што работеше напорно, не заработи пари за стан. И покрај тоа што ѝ ги исполнуваше желбите, таа не го засака.