покрие

Глагол, свршен

Значење на покрие:

1. а) Стави нешто врз некого или врз нешто со цел да се заштити, да се засолне, да се зачува. Таа го покри детето со волнено ќебе. Тој со дланка си ја покрил устата. Покриј го лебот за да не се суши. б) Засени, скрие од поглед. Небото го покрија темни облаци. Сенката од шапката му го покриваше лицето. Еден облак го покри сонцето.

2. Стави покрив. Тие ја покрија куќата за два дена. Денес ја покривме куќата.

3. а) Исполни, прекрие цела површина. Густа магла го покри полето. Снегот ги покри планините. б) Опфати целосно определена територија, средина со некакво влијание, дејност (политичка, образовна, културна, спортска, трговска итн.). Две учителки ја покриваат целата општина.

4. Подмири трошоци. Јас ќе ги покријам сите трошоци за неговото лекување.

5. (прен.) а) Прекрие. Бледило ѝ го покри лицето. Лицето му го покри руменило. б) Заглуши, надгласи со повисок звук. Нејзиниот силен глас ги покри сите гласови во хорот. Силен џагор ја покрил нејзината песна.

6. Скрие, прикрие, направи да не се знае за нешто (мана, вина, грешка итн.). Таа ја покри срамотата. Тие го покрија убиството.

7. а) (спорт.) Се постави крај противнички играч за да му пречи. Него го покрија двајца играчи во првото полувреме. б) Во шахот ‒ заштити, брани една фигура со друга. Топот го покри коњот да дојде до тоа поле.

Коњугација: (ќе) покриев , (ќе) покриеја , (ќе) покриел , покрив , покриен, покриј , покрија , покријат , покријте , покрил .

Изведени зборови:

  • покривање, глаг. им. ср.
  • (се) покрива, глаг. несв. (се) покриваат
  • се ~ покрие, Се засолни, се заштити себеси со некакво средство (чаршаф, покривка и сл.). Детето се покри преку глава со ќебето.

Оригинални податоци:

покрие, покријат; покриј, покријте; покрив, покрија; покрил; (ќе) покриев, (ќе) покриеја; (ќе) покриел; покриен св. 1. а) Стави нешто врз некого или врз нешто со цел да се заштити, да се засолне, да се зачува. Таа го покри детето со волнено ќебе. Тој со дланка си ја покрил устата. Покриј го лебот за да не се суши. б) Засени, скрие од поглед. Небото го покрија темни облаци. Сенката од шапката му го покриваше лицето. Еден облак го покри сонцето. 2. Стави покрив. Тие ја покрија куќата за два дена. Денес ја покривме куќата. 3. а) Исполни, прекрие цела површина. Густа магла го покри полето. Снегот ги покри планините. б) Опфати целосно определена територија, средина со некакво влијание, дејност (политичка, образовна, културна, спортска, трговска итн.). Две учителки ја покриваат целата општина. 4. Подмири трошоци. Јас ќе ги покријам сите трошоци за неговото лекување. 5. (прен.) а) Прекрие. Бледило ѝ го покри лицето. Лицето му го покри руменило. б) Заглуши, надгласи со повисок звук. Нејзиниот силен глас ги покри сите гласови во хорот. Силен џагор ја покрил нејзината песна. 6. Скрие, прикрие, направи да не се знае за нешто (мана, вина, грешка итн.). Таа ја покри срамотата. Тие го покрија убиството. 7. а) (спорт.) Се постави крај противнички играч за да му пречи. Него го покрија двајца играчи во првото полувреме. б) Во шахот ‒ заштити, брани една фигура со друга. Топот го покри коњот да дојде до тоа поле. ● се ~ Се засолни, се заштити себеси со некакво средство (чаршаф, покривка и сл.). Детето се покри преку глава со ќебето. ‖ (се) покрива, (се) покриваат несв. ‖ глаг. им. покривање ср.