пол 1

Именка, машки род

Значење на пол:

Припадност на човек според определени физиолошки, психолошки, физички и телесни карактеристики ‒ машки и женски пол; мажјак и женка кај животни. Машки пол. Женски пол. Неопределен пол. Изедначување на половите. Кој пол е детето? Женка е животно од женски пол.

Множина: пола, полови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Убав, нежен, слаб пол ‒ за жена, за женски пол. Посилен, погруб пол ‒ за маж, машки пол.

Оригинални податоци:

пол1, мн. полови, избр. мн. пола м. Припадност на човек според определени физиолошки, психолошки, физички и телесни карактеристики ‒ машки и женски пол; мажјак и женка кај животни. Машки пол. Женски пол. Неопределен пол. Изедначување на половите. Кој пол е детето? Женка е животно од женски пол. ◊ Убав, нежен, слаб пол ‒ за жена, за женски пол. Посилен, погруб пол ‒ за маж, машки пол.