пол 2

Именка, машки род

Значење на пол:

1. (геогр.) Една од двете крајни точки на замислената Земјина оска и просторот околу неа. Северен Пол. Јужен Пол. Земјата има два пола.

2. (физ.) Крајните делови од магнетот или од некаков енергетски синџир, две крајни точки (страни) со спротивни карактеристики. Магнетски пол. Позитивен пол. Негативен пол. Два спротивни пола на една бинарна група.

3. (прен.) Нешто што е сосема спротивно. Тие се два спротивни пола.

Множина: пола, полови.

Оригинални податоци:

пол2, мн. полови, избр. мн. пола м. 1. (геогр.) Една од двете крајни точки на замислената Земјина оска и просторот околу неа. Северен Пол. Јужен Пол. Земјата има два пола. 2. (физ.) Крајните делови од магнетот или од некаков енергетски синџир, две крајни точки (страни) со спротивни карактеристики. Магнетски пол. Позитивен пол. Негативен пол. Два спротивни пола на една бинарна група. 3. (прен.) Нешто што е сосема спротивно. Тие се два спротивни пола.