пола
Значење на пола:
1. а) Десна или лева предна страна од облека (палто, капут, фустан итн.). Таа направи фустан со мазни поли. б) Долниот дел од таква облека. Таа се покриваше со полата од својот фустан.
2. Долниот преден дел од женска долга облека на преклопување. Носеше шарена, свилена пола.
3. Крило од прозорец или од двокрилна врата. Двете поли на прозорецот беа ширум отворени. Едната пола на вратата беше затворена.
4. Дел од черга одделно ткаен; дипла 2. Истка черга во две поли. Истка чаршаф во неколку поли.
5. (прен.) Подножје на планина (во мн.) Во полите на Шар Планина нема многу дивеч.
Множина: поли.
Фразеолошки израз / поговорка:
Се држи за полите од мајка му ‒ зависен е од мајка си како мало дете. Засукал поли ‒ се зафатил со работа сериозно. Сечи пола, бегај (од него) ‒ секако ослободи се (од него), влечигора, влечипола.
Оригинални податоци:
пола, мн. поли ж. 1. а) Десна или лева предна страна од облека (палто, капут, фустан итн.). Таа направи фустан со мазни поли. б) Долниот дел од таква облека. Таа се покриваше со полата од својот фустан. 2. Долниот преден дел од женска долга облека на преклопување. Носеше шарена, свилена пола. 3. Крило од прозорец или од двокрилна врата. Двете поли на прозорецот беа ширум отворени. Едната пола на вратата беше затворена. 4. Дел од черга одделно ткаен; сп. дипла 2. Истка черга во две поли. Истка чаршаф во неколку поли. 5. (прен.) Подножје на планина (во мн.) Во полите на Шар Планина нема многу дивеч. ◊ Се држи за полите од мајка му ‒ зависен е од мајка си како мало дете. Засукал поли ‒ се зафатил со работа сериозно. Сечи пола, бегај (од него) ‒ секако ослободи се (од него), влечигора, влечипола.