полага
Значење на полага:
1. Става, клава, мести во хоризонтална положба; положи. Тој секогаш рибата ја полага во овална чинија.
2. Вложува, верува во нешто, се надева, смета на нешто. Ние полагаме голема надеж во синот. Во неа полагаме голема љубов и многу внимание. Таа полага многу во нивната врска.
3. Излегува на испит, се подложува на проверка на сопствените знаења. Учениците полагаа матурски испит. Таа полага возачки испит.
4. Во различни споеви со именки. а) Почнува со градба, става темели. Денес тие ги полагаа темелите на новото училиште. б) Дава заклетва, се заколнува. Војниците полагаа заклетва. Докторите полагаа свечена заклетва. в) Поставува (става) венец. Секоја година наша делегација полага венец пред неговиот гроб. г) (прен.) предава, дава сметки. Јас никому нема да полагам сметки за својата работа.
Коњугација: полагаат.
Изведени зборови:
- полагање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
полага, полагаат несв. 1. Става, клава, мести во хоризонтална положба; в. положи. Тој секогаш рибата ја полага во овална чинија. 2. Вложува, верува во нешто, се надева, смета на нешто. Ние полагаме голема надеж во синот. Во неа полагаме голема љубов и многу внимание. Таа полага многу во нивната врска. 3. Излегува на испит, се подложува на проверка на сопствените знаења. Учениците полагаа матурски испит. Таа полага возачки испит. 4. Во различни споеви со именки. а) Почнува со градба, става темели. Денес тие ги полагаа темелите на новото училиште. б) Дава заклетва, се заколнува. Војниците полагаа заклетва. Докторите полагаа свечена заклетва. в) Поставува (става) венец. Секоја година наша делегација полага венец пред неговиот гроб. г) (прен.) предава, дава сметки. Јас никому нема да полагам сметки за својата работа. ‖ глаг. им. полагање ср.