поларизација

Именка, женски род

Значење на поларизација:

1. (физ.) а) Својство што го добиваат природните светлосни зраци при прекршување на светлината, нагласено кога има двојно прекршување. При прекршувањето на светлината се јавува поларизација која е нагласена при двојното прекршување. б) Процес при галванизација кај галванските елементи, собирање честички околу половите. Поларизација на галванските елементи.

2. (прен.) Групирање во две спротивставени страни. Поларизација во високите политички кругови. Поларизација на модерната литература.

Множина: поларизации.

Изведени зборови:

  • поларизациски, прид. поларизацискиот

Оригинални податоци:

поларизација, мн. поларизации ж. 1. (физ.) а) Својство што го добиваат природните светлосни зраци при прекршување на светлината, нагласено кога има двојно прекршување. При прекршувањето на светлината се јавува поларизација која е нагласена при двојното прекршување. б) Процес при галванизација кај галванските елементи, собирање честички околу половите. Поларизација на галванските елементи. 2. (прен.) Групирање во две спротивставени страни. Поларизација во високите политички кругови. Поларизација на модерната литература. ‖ поларизациски, поларизацискиот прид.