поларизира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на поларизира:

1. (физ.) Предизвика, предизвикува поларизација. Прекршувањето ги поларизира светлосните зраци.

2. (прен.) Подвои, подвојува, спротивстави, спротивставува до крајност. Тој ги поларизира двете носечки идеи. Таа го поларизира сопственото семејство.

Коњугација: поларизираат , поларизирајќи.

Изведени зборови:

  • поларизирање, глаг. им. ср.
  • се ~ поларизира, Доживее, доживува поларизација, се подложи, се подложува на поларизација. Двете најмоќни партии се поларизираа. Ставот за натамошните акции се поларизира.

Оригинални податоци:

поларизира, поларизираат; поларизирајќи св. и несв. 1. (физ.) Предизвика, предизвикува поларизација. Прекршувањето ги поларизира светлосните зраци. 2. (прен.) Подвои, подвојува, спротивстави, спротивставува до крајност. Тој ги поларизира двете носечки идеи. Таа го поларизира сопственото семејство. ● се ~ Доживее, доживува поларизација, се подложи, се подложува на поларизација. Двете најмоќни партии се поларизираа. Ставот за натамошните акции се поларизира. ‖ глаг. им. поларизирање ср.