полази 1

Глагол, свршен

Значење на полази:

1. а) Лази малку, кратко време. Детето полази малку по подот. б) Се подвижи, помине бавно некое растојание. Возот полази по шините.

2. Лази, помине лазејќи преку нешто. Него го полазиле некои мравки. Лебот го полазија мравки.

3. (прен.) Предизвика треперење на телото. Ме полазија морници. Студенило ме полази.

Коњугација: полазат.

Изведени зборови:

  • полазува, глаг. несв. полазуваат
  • полазување , глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Вошка го полазила ‒ неочекувано дојде до пари, до богатство.

Оригинални податоци:

полази1, полазат св. 1. а) Лази малку, кратко време. Детето полази малку по подот. б) Се подвижи, помине бавно некое растојание. Возот полази по шините. 2. Лази, помине лазејќи преку нешто. Него го полазиле некои мравки. Лебот го полазија мравки. 3. (прен.) Предизвика треперење на телото. Ме полазија морници. Студенило ме полази. ◊ Вошка го полазила ‒ неочекувано дојде до пари, до богатство. ‖ полазува, полазуваат несв. ‖ глаг. им полазување ср.