поле

Именка, среден род

Значење на поле:

1. а) Пространа, широка рамнина, низински терен, земјишна обработлива површина. Нашата куќа гледа кон полето. Во Македонија има пространи полиња. Магла падна по полето. Долу се ширеше полето. б) Во составот на топоними. Овче Поле. Косово Поле.

2. а) Обработлива, засеана земја надвор од населено место. Полето роди добар род годинава. Со комбајни го жнеат родот од полето. б) Дел од обработлива, засеана земја. Плодородот се дели на повеќе полиња и во секое поле се планира определена култура.

3. Простор, површина каде што се одвива нешто. а) Во спортот ‒ простор каде што се одвиваат спортски активности, спортски терен. Фудбалско поле. Ракометно поле. Одбојкарско поле. Во полето се сите играчи од двете екипи. б) Во шахот ‒ црно и бело поле. Шаховски полиња. Шаховската табла има 64 полиња. в) (воен.) Простор каде што се одвиваат воени активности. Бојно поле. Минско поле. Борбено поле. г) Што се одесува на вид, до каде што може да се гледа. Видното поле се намалуваше со првите знаци на ноќта. Одеднаш му се зголеми видното поле.

4. (физ.) Простор каде што дејствува некоја сила. Магнетно поле. Електрично поле. Гравитационо поле.

5. Наоѓалиште, место со рудно и друг вид природно богатство. Нафтоносно поле. Рудни полиња.

6. Основа, подлога од боја врз која се пишува, се црта и сл. На сино поле доцртуваше различни фигури. На белото поле наслика жена со дете.

7. Дел од табела со графички, статистички прикажани пресметувања или издвоен дел од пишан текст. Во првите три полиња дадени се резултатите од најмладата популација, во последното поле ги имаме збирните резултати од анкетата.

8. (прен.) Област, сфера на некоја дејност во културата или во некоја наука. На полето на јазикот и на културата постигнавме многу. Тој се истакна на полето на науката. Широко културно поле за работа. Општествено поле. Идеолошко поле.

Множина: полиња, полја.

Изведени зборови:

  • поленце, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

поле, мн. полиња, полја ср. 1. а) Пространа, широка рамнина, низински терен, земјишна обработлива површина. Нашата куќа гледа кон полето. Во Македонија има пространи полиња. Магла падна по полето. Долу се ширеше полето. б) Во составот на топоними. Овче Поле. Косово Поле. 2. а) Обработлива, засеана земја надвор од населено место. Полето роди добар род годинава. Со комбајни го жнеат родот од полето. б) Дел од обработлива, засеана земја. Плодородот се дели на повеќе полиња и во секое поле се планира определена култура. 3. Простор, површина каде што се одвива нешто. а) Во спортот ‒ простор каде што се одвиваат спортски активности, спортски терен. Фудбалско поле. Ракометно поле. Одбојкарско поле. Во полето се сите играчи од двете екипи. б) Во шахот ‒ црно и бело поле. Шаховски полиња. Шаховската табла има 64 полиња. в) (воен.) Простор каде што се одвиваат воени активности. Бојно поле. Минско поле. Борбено поле. г) Што се одесува на вид, до каде што може да се гледа. Видното поле се намалуваше со првите знаци на ноќта. Одеднаш му се зголеми видното поле. 4. (физ.) Простор каде што дејствува некоја сила. Магнетно поле. Електрично поле. Гравитационо поле. 5. Наоѓалиште, место со рудно и друг вид природно богатство. Нафтоносно поле. Рудни полиња. 6. Основа, подлога од боја врз која се пишува, се црта и сл. На сино поле доцртуваше различни фигури. На белото поле наслика жена со дете. 7. Дел од табела со графички, статистички прикажани пресметувања или издвоен дел од пишан текст. Во првите три полиња дадени се резултатите од најмладата популација, во последното поле ги имаме збирните резултати од анкетата. 8. (прен.) Област, сфера на некоја дејност во културата или во некоја наука. На полето на јазикот и на културата постигнавме многу. Тој се истакна на полето на науката. Широко културно поле за работа. Општествено поле. Идеолошко поле. ‖ поленце, мн. поленца ср. дем.