полее
Значење на полее:
1. Плисне, разлее течност. Рано наутро ги полеаја улиците. Чуварот ја полеал терасата со вода.
2. Потури вода за измивање. Таа им полеа вода на гостите за да ги измијат рацете.
3. Навади. Цвеќињата ќе свенат ако не ги полеат. Утре соседите ќе ги полеат цвеќињата.
Коњугација: (ќе) полеев , (ќе) полееја , (ќе) полеел, полеав , полеаја , полеал , полеан , полеат , полеј , полејте .
Изведени зборови:
- се ~ полее, Се потури. Се полеа со врела вода. Се полеа со вино.
Оригинални податоци:
полее, полеат; полеј, полејте; полеав, полеаја; полеал; полеан; (ќе) полеев, (ќе) полееја; (ќе) полеел св. 1. Плисне, разлее течност. Рано наутро ги полеаја улиците. Чуварот ја полеал терасата со вода. 2. Потури вода за измивање. Таа им полеа вода на гостите за да ги измијат рацете. 3. Навади. Цвеќињата ќе свенат ако не ги полеат. Утре соседите ќе ги полеат цвеќињата. ● се ~ Се потури. Се полеа со врела вода. Се полеа со вино.