полека
Значење на полека:
1. Без брзање, бавно, кроце. Одеше полека. Вежбите ги правеше полека. Тие полека излегуваа од неговата куќа.
2. Внимателно. Таа полека ја крена кутијата од масата и ја пренесе на подот. Избриши ги чашите полека за да не се скрши некоја.
3. Тивко, потивко. Полека, ќе го разбудите детето. Зборувај полека, не викај толку.
Фразеолошки израз / поговорка:
Лека-полека / полека-лека / полека-полека ‒ со најмала брзина, без никакво вознемирување извршува некаква дејност. Лека-полека работата бидна.
Оригинални податоци:
полека прил. 1. Без брзање, бавно, кроце. Одеше полека. Вежбите ги правеше полека. Тие полека излегуваа од неговата куќа. 2. Внимателно. Таа полека ја крена кутијата од масата и ја пренесе на подот. Избриши ги чашите полека за да не се скрши некоја. 3. Тивко, потивко. Полека, ќе го разбудите детето. Зборувај полека, не викај толку. ◊ Лека-полека / полека-лека / полека-полека ‒ со најмала брзина, без никакво вознемирување извршува некаква дејност. Лека-полека работата бидна.