полемика

Именка, женски род

Значење на полемика:

Јавна писмена или усна расправа, борба на мислења за определена состојба, појава или проблем од општ интерес во политичкиот, културниот итн. живот на општеството. Кај нас нема полемика, туку премолчено несогласување. Неговиот став предизвика остри полемики. Со часови водеа полемика во врска со прашањето за верата. Тој е автор на неколку полемики поврзани со јазичните прашања.

Множина: полемики.

Изведени зборови:

  • полемички, прид. полемичкиот Што има карактеристики, обележја на полемика. Полемички разговори. Полемички ставови. Полемичка статија.

Оригинални податоци:

полемика, мн. полемики ж. Јавна писмена или усна расправа, борба на мислења за определена состојба, појава или проблем од општ интерес во политичкиот, културниот итн. живот на општеството. Кај нас нема полемика, туку премолчено несогласување. Неговиот став предизвика остри полемики. Со часови водеа полемика во врска со прашањето за верата. Тој е автор на неколку полемики поврзани со јазичните прашања. ‖ полемички, полемичкиот прид. Што има карактеристики, обележја на полемика. Полемички разговори. Полемички ставови. Полемичка статија.