полет

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на полет:

1. Летнување, полетување. Авионот покажа дефект уште при полетот. При полетот птицата затрепери со крилјата.

2. (прен.) Подем. Тој сега беше во полет и грабаше сè пред себе. Неговото творештво е во полет. Неговата кариера беше во нездржан полет.

3. (прен.) Елан, занес, восхит, воодушевеност, понесеност. Само со неуморна работа, креативност и полет може да се успее во овој потфат. Творечки полет.

Оригинални податоци:

полет (само едн.) м. 1. Летнување, полетување. Авионот покажа дефект уште при полетот. При полетот птицата затрепери со крилјата. 2. (прен.) Подем. Тој сега беше во полет и грабаше сè пред себе. Неговото творештво е во полет. Неговата кариера беше во нездржан полет. 3. (прен.) Елан, занес, восхит, воодушевеност, понесеност. Само со неуморна работа, креативност и полет може да се успее во овој потфат. Творечки полет.