полета
Значење на полета:
1. Почне да лета. Авионот полета без проблеми.
2. Лета малку, кратко време. Гулабите полетаа половина час и се спуштија. Канаринката полета малку низ собата.
3. (прен.) Се движи со голема брзина. Таа полета во мојата прегратка. Момчето полета кон вратата.
Коњугација: полетаат.
Изведени зборови:
- полетува, глаг. несв. полетуваат
- полетување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
полета, полетаат св. 1. Почне да лета. Авионот полета без проблеми. 2. Лета малку, кратко време. Гулабите полетаа половина час и се спуштија. Канаринката полета малку низ собата. 3. (прен.) Се движи со голема брзина. Таа полета во мојата прегратка. Момчето полета кон вратата. ‖ полетува, полетуваат несв. ‖ глаг. им. полетување ср.