полиција

Именка, женски род

Значење на полиција:

1. Служба на државна власт што има должност да ги чува редот, законитоста и поредокот во државата.

2. (разг.) Множество од полицајци или сите вработени. Населбата е полна полиција. Полицијата доби зголемување на платите.

3. (прен.) Управна зграда на таа служба. Влезе во полицијата, а таму беа само дежурни лица. Ја варосаа полицијата и внатре ставија камери за снимање.

Множина: полиции.

Изведени зборови:

  • полициски, прид. полицискиот Полициска кола. Полициска патрола. Полициски службеници. Полициска униформа. Полициска станица. ◊ Полициски час ‒ определено време од полицијата кога е забрането слободно движење на граѓаните надвор од своите домови.

Оригинални податоци:

полиција, мн. полиции ж. 1. Служба на државна власт што има должност да ги чува редот, законитоста и поредокот во државата. 2. (разг.) Множество од полицајци или сите вработени. Населбата е полна полиција. Полицијата доби зголемување на платите. 3. (прен.) Управна зграда на таа служба. Влезе во полицијата, а таму беа само дежурни лица. Ја варосаа полицијата и внатре ставија камери за снимање. ‖ полициски, полицискиот прид. Полициска кола. Полициска патрола. Полициски службеници. Полициска униформа. Полициска станица. ◊ Полициски час ‒ определено време од полицијата кога е забрането слободно движење на граѓаните надвор од своите домови.