полиграф

Именка, машки род

Значење на полиграф:

1. Многустран автор, оној што пишува дела од различни жанрови и со различни теми. Македонските писатели од XIX век беа полиграфи.

2. Детектор за лаги, апарат со кој се мери вистинитоста на исказот. Неговата изјава ја проверуваа со полиграф.

Множина: полиграфи.

Изведени зборови:

  • полиграфски, прид. полиграфскиот

Оригинални податоци:

полиграф, мн. полиграфи м. 1. Многустран автор, оној што пишува дела од различни жанрови и со различни теми. Македонските писатели од XIX век беа полиграфи. 2. Детектор за лаги, апарат со кој се мери вистинитоста на исказот. Неговата изјава ја проверуваа со полиграф. ‖ полиграфски, полиграфскиот прид.