политика

Именка, женски род

Значење на политика:

1. Дејност што се однесува на управување на државата во областа на државните работи во земјата и во областа на меѓународните односи. Во тие земји се води јавна политика на територијални претензии.

2. Дејност на државните институции плански насочена кон унапредување на управувањето и на водењето на јавните работи во државата (стопанска, трговска, финансиска, образовна, културна итн. политика) и на односите со другите држави (меѓународна политика).

3. Општествена дејност на партии, организации, граѓански здруженија, групи и на поединци насочена кон остварување на програмски определените задачи и цели.

4. Метод на работа (на организација или на поединец) заради постигање определена цел. Уредувачка политика. Јазична политика.

5. (прен.) Вештина на однесување со луѓето и на снаоѓање во животот. Тој си ја има својата перфидна политика. Жените се една длабока политика што ти не ја разбираш.

Множина: политики.

Фразеолошки израз / поговорка:

Води (тера) своја политика ‒ дејствува плански, со манипулација да постигне некоја цел. Му прави политика ‒ лажно му се додворува, му угодува некому. Бистри политика ‒ бесцелно зборува, наметнувајќи сопствени ставови, денгуби.

Оригинални податоци:

политика, мн. политики ж. 1. Дејност што се однесува на управување на државата во областа на државните работи во земјата и во областа на меѓународните односи. Во тие земји се води јавна политика на територијални претензии. 2. Дејност на државните институции плански насочена кон унапредување на управувањето и на водењето на јавните работи во државата (стопанска, трговска, финансиска, образовна, културна итн. политика) и на односите со другите држави (меѓународна политика). 3. Општествена дејност на партии, организации, граѓански здруженија, групи и на поединци насочена кон остварување на програмски определените задачи и цели. 4. Метод на работа (на организација или на поединец) заради постигање определена цел. Уредувачка политика. Јазична политика. 5. (прен.) Вештина на однесување со луѓето и на снаоѓање во животот. Тој си ја има својата перфидна политика. Жените се една длабока политика што ти не ја разбираш. ◊ Води (тера) своја политика ‒ дејствува плански, со манипулација да постигне некоја цел. Му прави политика ‒ лажно му се додворува, му угодува некому. Бистри политика ‒ бесцелно зборува, наметнувајќи сопствени ставови, денгуби.