политикант

Именка, машки род

Значење на политикант:

Човек што се занимава со дневна политика, дејствувајќи од ситни, лични интереси; интригант во политиката. Тие се политиканти. Тој е политикант кога се во прашање жените. Се појавија сè повеќе политиканти, сè помалку вистински патриоти. Политиканти во науката и во културата.

Множина: политиканти.

Изведени зборови:

  • политикантка, и. ж.
  • политикантски, прид. политикантскиот Политикантска критика. Политикантска магла. Политикантски настап.
  • политикантство, и. ср.

Оригинални податоци:

политикант, мн. политиканти м. Човек што се занимава со дневна политика, дејствувајќи од ситни, лични интереси; интригант во политиката. Тие се политиканти. Тој е политикант кога се во прашање жените. Се појавија сè повеќе политиканти, сè помалку вистински патриоти. Политиканти во науката и во културата. ‖ политикантка, мн. политикантки ж. ‖ политикантски, политикантскиот прид. Политикантска критика. Политикантска магла. Политикантски настап. ‖ политикантство ср.