политизира
Значење на политизира:
1. Зборува за политика, помине, поминува време во неформални политички разговори.
2. Постапи, постапува итро, промислено, ја избегнува суштината. Мудрува и политизира само да дојде до наградата. Тие премногу политизираат, а работата е јасна.
3. Направи, прави да добие нешто политички обележја, да се обои политички. Некој сака да ја политизира оваа хуманитарна акција.
Коњугација: политизираат , политизирајќи.
Изведени зборови:
- политизирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
политизира, политизираат; политизирајќи св. и несв. 1. Зборува за политика, помине, поминува време во неформални политички разговори. 2. Постапи, постапува итро, промислено, ја избегнува суштината. Мудрува и политизира само да дојде до наградата. Тие премногу политизираат, а работата е јасна. 3. Направи, прави да добие нешто политички обележја, да се обои политички. Некој сака да ја политизира оваа хуманитарна акција. ‖ глаг. им. политизирање ср.